Д-р Николов упати порака за важноста за прегледот и самопрегледот, зашто навремената детекција на ова заболување може да спаси живот.

Во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ вчера се одржа трибина за подигнување на свеста за ракот на дојка насловена „Заедно против ракот на дојка“ во соработка со Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

На предавањето се обрати претседателот на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Игор Николов, кој сподели свое лично искуство со болен од рак на дојка во својата фамилијата и предизвиците со кои се соочува цела фамилија.

Д-р Николов се осврна на активностите кои се реализираат на ова поле.

-Заедно со директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски во Букурешт потпишавме декларација за подигнување на свесноста кај ова заболување и важноста од зајакнат скрининг, посочи проф.д-р Николов.

Тој исто така информираше дека активно се работи на децентрализирање во оваа област преку регионални центри.

Д-р Николов упати порака за важноста за прегледот и самопрегледот, зашто навремената детекција на ова заболување може да спаси живот.