Мислите дека надуеноста е поврзана само со одредени намирници што предизвикуваат гасови? Не сте во право! Може да се појави и како знак на дисфункција на цревата. А тоа е повод сериозно да го сфатите своето здравје.
ШИПКА СО ОРИГАНО
Го подобруваат варењето и спречуваат запек. Иситнете 200 г плодови од шипка и прелејте ги со половина литар вода. Откако ќе зоврие, варете на тивок оган 15 минути. Потоа поклопете и оставете да отстои пет часа.
Паралелно пригответе одвар од оригано: 50 г оригано прелејте со 300 мл вода. Оставете да зоврие, па нека отстои пет часа. Двата одвара исцедете ги, соединете ги, додајте килограм мед и литар алкохол (вотка). Сето тоа помешајте го и чувајте го во фрижидер. Пијте по една лажица трипати на ден, половина час пред јадење. Курата трае додека се потроши добиеното количество.
КАМИЛИЦА, КИМ И ВАЛЕРИЈАНА
Намалуваат создавање гасови и грчеви. Помешајте шест лажици иситнети суви цветови од камилица, четири лажици корен од валеријана и една лажица семе од ким. Една лажица од мешавината прелејте со шолја зовриена вода, поклопете и оставете да отстои половина час. Исцедете, па трипати дневно пијте по половина шолја, половина час пред јадење. Курата трае еден месец.