Научниците тврдат дека секој отпушок на цигари испушта речиси 15 проценти од вкупниот никотин кој го содржи целата цигара, а штетните количини на никотин се присутни и седум дена по гасењето на цигарата.

Научниците од националниот институт за технологија во САД откриле дека отпушоците од цигарите се поопасни за здравјето на луѓето отколку што се мислеше, поради големата количина на никотин која останува во воздухот долго откако ќе се изгасне цигарата.

Повеќето хемикалии се испуштаат во првите 24 часа, но сега е откриено дека штетните количини на никотин се присутни и седум дена откако е изгасната цигарата.

Научниците исто така откриле дека пикавците се поштетни кога времето е потопло.

„Тоа значи дека ако седум дена не го испразните пепелникот, количината на изложеност на никотин за непушачите може да биде и двојно поголема“, изјави главниот автор на истражувањето Дастин Попендик.