Женските хигиенски производи секој месец им го олеснуваат животот на голем број жени, а ги има секакви видови и изборот е навистина многу голем.

Но, три вида од овие производи може да бидат сериозно загрозувачки за здравјето, па затоа морате да ги избегнувате.

Еве за кои производи се работи:

Тампони со свиленкаста површина

Овие тампони се популарни бидејќи лесно се ставаат и вадат, во споредба со целулозните. Но, таа површина воопшто не е свилена, туку тој слој е синтетички и многу впивачки. Статистички, случаите на токсичен шок се почести кога е ваков тампон во прашање, отколку со обичен. Поради впивливоста, може да добиеме лажна претпоставка дека имаме уште некој час додека да го смениме тампонот.

Памучни циклусни влошки

Популарни се поради удобноста која не ја нудат обичните санитарни влошки. Но, дали се работи за чист памук? Тешко веројатно, бидејќи главно површината на овие памучни влошки е третирана со избелувачи и хербициди.

Парфимирани влошки

Освен што создаваат непријатна миризба кога ќе се помешаат со менструалната крв и потта, може да предизвикаат и иритација. Ова особено е изразено кај поевтините производи, но имајте на ум дека тие мириси се всушност хемиски состојки кои во најголем број случаи ќе ја нарушат ПХ-вредноста на вагината и ќе ви создадат дополнителни проблеми, како иритација, црвенило и чешање.