Има многу митови и легенди во врска со машката интима и здравје – за големината на пенисот, за траењето на ерекцијата, за влијанието на пушењето… Да ги разбиеме тие митови и да зборуваме отворено за машката интима.

Големината не е важна

Големината на пенисот е чувствителна тема за мажите. Некои мажи се несигурни каде припаѓаат на скалата, па знаат да се „пофалат“ со поголема должина на половиот орган од онаа вистинската, мислејќи дека така ќе ги импресионираат потенцијалните партнерки.

Науката нуди конкретни одговори. Британска анализа во која биле опфатени повеќе од 15.000 испитаници покажа дека просечната должина на пенисот во состојба на ерекција изнесува 13 сантиметри, а обемот 11 сантиметри.

Ако имате помал или поголем пенис од просекот, тоа не прави некоја голема разлика.

Зголемување на пенисот: Третманите и операциите се опасни и не делуваат

Повеќето мажи имаат пенис со должина од 10 до 15 сантиметри, а околу 15% од мажите имаат пенис подолг од 17 сантиметри.

Истражувањето покажа дека во нееректирана состојба просечната должина изнесува 9 сантиметри. Уролозите нагласуваат дека не постои поврзаност меѓу големината на пенисот кога е во еректирана состојба и кога не е.

Машкиот оргазам е кратко доживување

Просечниот женски оргазам трае 20 секунди, што значи дека е четири пати подолг од просечниот машки оргазам кој трае шест секунди.

Исто така, мажите ја немаат можноста да доживеат повеќекратни оргазми како жените.

Ноќни ерекции

Не се знае точната причина зошто се јавуваат ноќните ерекции, но не се должат на секси соништа.

Може да се случат четири до шест ноќни ерекции, што е само уште еден начин телото да покаже дека репродуктивниот систем на мажот е здрав.

Проблеми со ерекцијата: Како да си ја вратите силата во кревет?

Дали може да ви се смали пенисот?

Ако мажот нема редовни ерекции и пенисот не се шири редовно, може да се смали и да стане пократок, вели урологот Наталија Лопушјан.

Мажите кои подолго време се соочуваат со еректилна дисфункција најверојатно ќе имаат пократок пенис во споредба со претходно.

Пушењето цигари е отров за пенисот!

Пушењето може да влијае на крвните садови, а тоа значи дека се одразува на способноста за ерекција. Со тек на време ерекцијата ќе биде послаба и послаба.

Пушачите може да очекуваат намалување на пенисот во должина (во ерекција) и до 2,5 сантиметри!

Ако престанат да пушат, со тек на време може да им се врати првичната должина на пенисот и цврстината при ерекција.

Обрежаните и необрежаните пениси не се разликуваат многу

Обрежувањето е вообичаена постапка во многу култури низ светот. На пример, Американската академија на педијатри препорачува да се обрежуваат машките деца, врз основа на тврдења дека обрежувањето е поврзано со понизок процент на сексуално преносливи болести и други инфекции. Но, на крајот одлуката е на родителите.

Освен изгледот, уролозите велат дека нема голема разлика меѓу обрежаните и необрежаните пениси. Во еректирана состојба, кожичката на необрежениот пенис се свиткува наназад и главата на пенисот е изложена, така што нема голема разлика при секс.

Мажите кои се изложени на загаден воздух имаат повеќе проблеми со отежната ерекција

Да, пенисот може да се скрши

Пенисот не содржи коски, но може да се скрши и тоа е многу болно. Ткивото исполнето со крв во еректиран пенис може да се растргне при премногу силен удар или влечење. Притоа, целата крв останува под кожата, поради што се јавува огромна модринка и оток. Скршениот пенис поцрвенува, набабрува и боли на допир.

Најчести повреди на пенисот се случуваат при секс, во позата „каубојка“ односно кога партнерката е горе. Во случај на ваква повреда веднаш побарајте лекарска помош бидејќи може да има трајни оштетување ако не се лекувате.

Утринската ерекција е добар знак

Мажи, будењето со ерекција е добар знак за вашето интимно здравје. Тоа нема никаква врска со возбудување, туку со биолошкиот факт дека нивото на тестостерон наутро е највисоко.

Ако ви престанат утринските ерекции, тоа може да е знак за некакво нарушување на вашето здравје. Една недела без ниту една утринска ерекција е доволна причина да закажете преглед кај вашиот лекар.

Изостанувањето на утринската ерекција може да има врска со нивото на хормони, со здравјето на крвните садови, но и со вашето ментално здравје.