Научниците тврдат дека храната го храни нашиот мозок, односно дека одредени видови на храна можат да имаат и придонес во менталното здравје, со тоа што помагаат при депресија.

Квалитетот на храната и животниот стил можат да се поврзат со бројни ментални состојби. Нутриционистот Меј Симпкин вели дека верува дека депресијата е симптом на пореметен баланс во телото, во кој храната игра клучна улога.

Мозокот е „машина“ која работи 24 часа во неделата и поради тоа е неопходно да му се даде квалитетна храна.

1.Внесувајте доволно протеини

Добри невротрансмитери, серотонин и допамин се составени од аминокиселини, односно протеини. Внесувајте доволно месо, пилешко, риба, јајца, млеко, сирење и грав кои ги содржат сите есенцијални протеини за производство на аминокиселини.

2. Б витаминот е ваш пријател

Б Витаминот има клучна улога во претворањето на аминокиселините во невротрансмитери. Ако не јадете доволно Б витамини нема да произведете адекватна количина на серотонин и допамин. Б витаминот може да се пронајде во грав, јајца и ореви.

3. Здравите масти се круцијални

Нервните клетки во телото се направени од маснотии и тие мораат да бидат внесени преку храна. Храна богата со добри маснотии е лосос, сардина, скуша, но и авокадо и ореви.

4. Намалете со јадење на слатки

Избегнувањето на преработени шеќери го подобрува расположението. Шеќерот бргу се апсорбира во крвта и произведува енергија, но само краткотрајно. Потоа следува пад и инсулинот бргу се ослободува, за да се отстрани шеќерот од крвта. Поради тоа ќе се чувствувате уморно, летаргично и нервозно. Наместо слатки консумирајте житарици, компир, односно зеленчук, а се препорачува и консумација на риба и јајца.

5. Проверувајте ги своите хормони

Небалансираноста на сексуалните хормони естроген и прогестерон, може да доведе до употреба на антидепресиви. Балансирајте ги со храна. Јадете храна која се однесува на естроген, а прогестеронот можете да го пронајдете во гравот.