Дали Комбињата со канцелариска опрема на министерството за земјоделие ги исполнуваат критериумите за да се пренаменат во возила за брза помош?  Секторот за медицинска опрема утврдил дека пациенти може да се транспортираат во овие возила. Колку пари ќе се потрошат за возилата со канцелариска опрема да се опремат со медицинска, одговор од надлежните засега нема.

„Адаптацијата може да се направи во две верзии и тоа: возила за транспорт на пациенти и возила за итна медицинска помош. По ова следи дополнителна стручна проценка во однос на тоа со која верзија ќе се преадаптираат возилата.“ – велат од Министерство за здравство.

Ваквата одлука на здравствените власти наиде на жестоки критики во јавноста. Дел од граѓаните коментираат дека додека градоначалници и функционери купуваат лускузни автомобили од илјадници евра, службите за итна помош со години работат со стари и амортизирани возила и наместо да се купуваат нови се пренаменуваат стари возила.

„Не ни влагам, подобро ќе одам приватно ќе си платам такси, не ми е сигурно. Ако веќе обезбедуваш, купи нови возила, направи тендер, како може некој градоначалник да вози кола од

60 000 евра, не можел да оди, знаете за кој зборувам, што сме ние, што се тие? Јас цел живот сум плаќал здравство, за сега да стравувам ако паднам дали ќе дојде да ме земе“

„Државата не мисли на граѓаните, навистина немам коментар, возилата пред се за итна помош, за стари и изнемоштени лица за кои и воопшто не доаѓа брза помош, катастрофа е, луѓето заслужуваат многу повеќе, затоа и не сакам воопшто да коментирам“

„Тоа ќе чини повеќе отколку нови да се купат и временски треба повеќе да се обработи тоа. Тој Мерко таму во Струга купил Мерцедес или Ауди од 60 000 евра, како не му е срам, уште вели морам да се возам јас во таква кола, а пациенти ќе се гушат“

Освен овие осум возила на министерството за земјоделие кои ќе бидат пренаменети, државата набавува и 12 нови возила за службите за итна медицинска, кои се во фаза на испорака и се очекува да пристигнат до крајот на следната недела.

Филипче како министер го нема никаде да излезе и да каже дали треба и колку треба финансии за да се преправат амортизираните комбиња од земјоделие во амбулантни: Но, исто така и не посочи што е поисплатливо? Министерот Филипче никаде го нема да даде отчет како ги троши парите на граѓаните, а тоа му е обврска!!!