Под мотото ,, Немојте да ги газите правата на работниците ,, вработените во комуналното претпријатие ,,Стандард,, во Дебар денеска протестираа пред единицата на Фондот за здраствено и пензиско осигурување барајки притоа оваа институција да им овозможи здраствена заштита.
Претседателот на штрајкувачкиот одбор Далип Машкули истакна дека вработените го бараат правото за здравствено осигурување како и покренување на барањето за наплата на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување. Поради неплаќање на придонеси не по вина на вработените сега немаме здраствена заштита . Тоа е крајно недозволиво во нашиот систем кој гарантира здравствена заштита рече тој а потоа барањата ги достави до архивата на единицата на Фондот во Дебар.
ЈКП ,,Стандард,, од 2о14 година ги плаќа придонесите , но претходно цели 12 години, биле давани плати без наплата на придонесите . Поради тоа има вработени кои немаат пензиско и инвалидско осигурување цели 12 години, а оние кои се вработени поледните 4 години и покрај тоа што сега придонесите се плакаат, институциите бараат исплата на средства и за заостанатите 12 години. Заради оваа вработените не добиваат здраствено осигурување и други права кои им следат со уставот, велат во ЈКП Стандард.
Инаку на овој протест им претходеа договори со управата на комуналното претпријатие и со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука. Според дебарскиот градоначалник Хекуран Дука постигнат е договор на штракјувачкиот одбор со Управата до крајот на оваа година да се зголемат платите за 17 отсто и да се превземаат мерки за подобрување на условите за работа .