Во текот на изминатиот викенд (од 15.07 до 17.07.2022) во Македонија согласно податоците од ИЈЗ, беа регистрирани 899 нови случаи на заразени со Ковид-19 од вкупно направени 2466 тестирања.

Новите случаи на заразени со КОВИД-19 се следниве: Скопје – 470, Битола – 75, Кавадарци – 50, Прилеп – 40, Куманово – 39, Охрид – 31, Гостивар – 27, Тетово – 25, Велес – 23, Струмица – 22, Кичево – 16, Штип – 13, Струга – 10, Неготино – 9, Ресен и Кратово – по 8, Гевгелија – 6, Кочани и Валандово – по 5, Македонски Брод – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – 3, Берово – 2, Свети Николе, Радовиш, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (899), регистрирани биле 201 реинфекција.

Регистрирани биле и 670 оздравени пациенти од: Скопје – 413, Куманово – 39, Битола – 33, Кавадарци – 28, Велес – 25, Прилеп – 19, Тетово – 18, Штип – 16, Струмица – 13, Гостивар и Гевгелија – по 9, Кичево – 8, Неготино и Кочани – по 7, Делчево – 6, Богданци – 5, Свети Николе – 3, Ресен, Кратово, Валандово, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2.

Во текот на изминатите 3 дена (15-17.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.098.561 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.037, бројот на оздравени пациенти е 306.979, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.719.