До сите корисници на јавниот превоз во главниот град на Македонија, од ЈСП Скопје апелираат да се носи заштитна маска при возење во автобусите. Причината е заштита од Ковид-19 и почитување на препораките за заштита на колективното здравје на граѓаните.

Од ЈСП Скопје посочуваат дека немаат ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту имаат право да ги казнуваат.

– Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, информираат од ЈСП Скопје.