Ќе формираме Фонд за финансирање на лекувањето во странство на деца до 18 години кој ќе мора итно да ги носи неопходните одлуки, ослободени од политички и министерски притисоци. Така лекувањето на децата во Македонија нема да зависи од хуманоста на нејзините граѓани. Oва стои вo програма на СДСМ, План за живот, а се однесува на сите оние на кои им е потребно лекување во странство.
Ова ветување кое го даваше Зоран Заев секојдневно за време на кампањите за парламентарни и локални избори, но како и сите други ветувања и ова се заборави.
Секој ден сме сведоци како мали деца чекаат помош од хуманитарни донации или пак милост од Фондот за здравствено осигурување.
Сведоци сме за смртта на едно мало девојче кое умре пред еден неполн месец, доволно е Заев да ја отвори страната donacii.mk и да види колку деца чекаат од хумани луѓе да им помогнат затоа што не се во можност да ги платат своите болнички лекувања во државава и во странство.
Можеби по отворањето на оваа страна Заев ќе започне со имплементација на проектот кој го ветуваше. Бидејќи детските животи не треба да згаснуваат поради неодговорноста на СДСМ и Заев.