Ново истражување на Универзитетот Нортвестерн откри дека за децата на возраст од две години, кои имаат помалку од 50 зборови во секојдневниот речник, постојат двојно поголеми шанси да имаат почести и посилни напади на бес.

Овие мали човечиња учат да комуницираат и очајнички се обидуваат да ги искажат нивните желби, потреби и други работи. Значи, не можат да комуницираат и затоа настануваат фрустрации. Родителите на деца кои подоцна прозборуваат имаат доживеано такво однесување, но никогаш немало истражување кое тоа ќе го потврди, сè досега.

Зошто е важно ова да го знаеме и што може да направиме?

Претходните истражувања од истиот Универзитет, водени од доктор Лори Ваксчлаг, открија дека одредени чести или силни тантруми можат да укажат на ризик за подоцнежни ментални здравствени проблеми како анксиозност, депресија или нарушувања во однесувањето.

Раната интервенција е пресудна за децата кои подоцна прозборуваат, бидејќи околу 40% од нив ќе имаат трајни јазични проблеми кои можат да влијаат на нивното академско образование. Според доктор Елизабет Нортон, главен водач на истражувањето, овие податоци можат само да покажат дека постои поврзаност меѓу касното прозборување и нивниот однесување.

На Универзитетот е спроведена студија „Кога треба да се загрижите“, каде се следени стотина деца кои имаат проблеми со тантруми или раздразливо однесување, доцнење со говорот и слично.

Што можат родителите да направат?

Ако сте родител на дете кое подоцна почнува да зборува немојте да се плашите да се советувате со педијатар. Тој може да направи испитувања за да се исклучат состојби како губење на слухот или аутизам. Тоа што родителите можат да го направат е да го збогатат речникот на детето. Треба многу да разговараат со него, да му читаат книги и постојано да употребуваат нови зборови со кои ќе ја поттикнат комуникацијата.

Само разговарајте со детето, следете ги неговите потези и бидете стрпливи бидејќи вашите фрустрации веројатно се фрагмент од тоа што малото дете може да го чувствува.