Самохрана мајка вчера почина откако ѝ пукна срцето дека од 1 јуни ќе остане без работа во детска градинка во скопската населба Кисела Вода. Ова на денешната седница за реконструкција на владата од собраниската говорница го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков.
-Тоа ли е животот што вие го нудите. На самохраната мајка на која пред неколку години и почина сопругот вчера и таа почина откако ѝ кажаа дека ќе остане без работа и нема со што да си ги прехранува децата. А, знаете ли зошто остана без работа, за вие на нејзино место да вработите ваша активистка, вели Димков.