Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адан Гребрејесус ги повика сите министри за здравство итно да ја унапредат размената на податоци за новиот вид на коронавирус и најави дека ќе испрати тим од меѓународни експерти во Кина за да работат со тамошните колеги.
– Испраќаме маски, нараквици, респиратори и речиси 18.000 заштитни костуми во повеќе од 20 земји на кои им е потребна поддршка, рече Гебрејесус на состанокот на Извршниот одбор на СЗО во Женева.
Потсетувајќи дека досега 22 држави преземале мерки за трговија или патувања поврзани со коронавируси, тој рече дека треба да бидат краткотрајни, сразмерни на ризиците по здравјето на луѓето и редовно да се разгледува.
– Таквите ограничувања можат да имаат ефект на засилување на стравот и стигмата, притоа да обезбедат мала корист, предупреди Греберејесус.