Додека Филипче во емисија тврди како пациентите се со лесна слика, еден пациент почина по пат накај болница

Вчера вечер, министерот за здравство Венко Филипче гостуваше на една од емисиите на нашите тв куќи и тврдеше како пациентите заболени од коронавирусот во Македонија се со лесна слика, а во…

Вчера вечер, министерот за здравство Венко Филипче гостуваше на една од емисиите на нашите тв куќи и тврдеше како пациентите заболени од коронавирусот во Македонија се со лесна слика, а во меѓувреме стигна вест како еден пациент на 45 години патувајќи накај болницата „8-ми Септември“ починал од истиот вирус.

-Оној добриот дел од приказната да кажеме е што огромен број од пациентите имаат многу лесна клиничка слика. Огромен процент близу 60-70% имаат лесен тек на болеста и поминува како горно респираторна болест, како настинка, како обичен сезонски грип, едно средна тешка форма која апсолутно може да има излекување, појасни Филипче.

Според дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19, починал на пат кон болницата „8-ми Септември“, соопшти владината прес-служба.

Водителката на емисијата, пак, упати замерка до министерот Филипче дека анкетите не се соодветни, во ова време не треба да се прашува дали доаѓаат од странство или имаат контакт со некој од странство кога границите се затворени.

-„Анкетите што ги прават епидемиолозите и матичните лекари, има одредени анкети на влезот во некоја здравствена институција, јас еве имав можност да видам. Прашањата кои беа сконцентрирани особено на влезот во болницата само едно имаше дали имате покачена температура. Останатите прашања се однесуваа дали сте биле во странство, дали сте имале контакт со лице кое што било во странство. И практично во ова време мислам дека се несоодветни затоа што веќе заразата не ни доаѓа од странство, веќе почнува таа локална, меѓусебна трансмисија“, нагласи Снежана Лупевска Созен.

Таа дури и го запраша Филипче дали размислува да го смени прашалникот бидејќи не е соодветен.


Related Articles