Познатиот педијатар од Дебар, Арбен Аголи, на „Фејсбук“ објави фотографија со две свои колешки, со полна заштитна опрема, и порака на македонски и на албански јазик: „Ние работиме, вие седете дома“.
Тој исто така ги замоли граѓаните да не ги фрлаат маските насекаде.
„Почитувани мои пријатели немојте да ги фрлате маските и ракавиците насекаде, фрлајте ги во кошевите за ѓубре така придонесувате да не се прошири заразата, благодарам“ – порача тој.
Арбен Аголи беше кандидат на Алијанса за Албанците на последните локални избори, но во градоначалничката трка загуби од кандидатот на ДУИ, Хекуран Дука, кој исто така е лекар-уролог.
Од вчера во Дебар и Центар Жупа е прогласена кризна состојба и во двете општини се спроведува посебен режим на движење, како и други активности поради новонастанатата ситуација.