На многу од луѓето шеќерот им го подобрува расположението и им ја зголемува енергијата, но научниците тврдат дека неговото консумирање остава лоши последици на менталното здравје на поединците.
Научниците врз основа на резултати од претходни истражувања за тоа како шеќерот влијае на животните и луѓето, дошле до откритие дека и едните и другите по зголемена среќа и енергија од консумираниот шеќер набрзо паѓаат во депресија. Тоа се случува на неколку начини.
Друго истражување покажува дека внесувањето висока количина шеќер може да го поремети мозочниот допамински “систем на наградување“ што на крајот го отежнува чувството за задоволство и мотивација и доведува до симптоми на депресија.
„Додадените шеќери предизвикуваат воспаление на телото и мозокот“ – вели Стефан Иларди, еден од авторите на истражувањето и доктор по клиничка психологија во Канзас и додава дека “околу 50 отсто од депресивните луѓе имаат високо ниво на воспаление во организмот“.
„Исто така, воспалените хормони можат да го втурнат мозокот во состојба на тешка депресија“.
Сепак, научниците тврдат дека потребни се уште неколку истражувања за овие “шпекулации“ да бидат потврдени иако досегашните докази се цврсти.
До колкава мера шеќерот може да влијае на симптомите на депресија зависи од личност до личност, но истражувачите сугерираат дека дневната граница која ја поставиле од Американската организација за срце е добра основна вредност која треба да се следи.
За жените тоа е 100 калории дополнителен шеќер дневно и 150 калории за мажите.
Неконсумирањето на било каков шеќер може да доведе до нерамнотежа во исхраната, но сепак тоа треба да се доведе на минимум и најдобро е да консумирате медитеранска исхрана.