Според истражувањата, постојат повеќе од 200 различни видови на рак, од кои некои се препознаваат побрзо од другите врз основа на симптомите. Раното откривање на ракот може да придонесе за поефикасно лекување, па затоа се препорачува да се знае кои знаци можат да укажуваат на карцином, пишува „Дејли стар“.

Како водечка добротворна организација во Велика Британија MacMillan Cancer Support им помага на пациентите со рак и на нивните семејства.

Оваа организација предупредупредува на раните симптоми на рак, кои може да се појават пред или во текот на јадењето.

Ова се трите симптоми:

1. Проблеми со џвакањето храна и/или со голтањето
Дали забележувате дека често чувствувате болка додека јадете и дека ви е тешко да ја голтате храната? Исто така, можете да имате проблеми со џвакањето оброци, што е уште една причина за да се обратите кај лекар.

2. Губење на апетит
Долготрајното губење на апетитот е исто така, причина за лекарски преглед. Исто така, ако ви се чини дека често се чувствувате сити побрзо од вообичаено, дури и ако не јадете многу, и ако оваа состојба трае неколку недели, треба да одите на преглед.

3. Киселини и лошо варење
Киселините и лошото варење се честа појава, особено по обилни оброци. Но, ако овие симптоми се појавуваат повеќето денови во една седмица и траат три недели, треба да побарате лекарска помош за да видите дали се работи за нешто сериозно.

Во некои случаи, надуеноста или отекување на абдоменот може да биде знак за рак, како што е рак на јајчници или на јајцеводи. Клучен период во текот на денот кога треба да внимавате на овие симптоми е вечерата.

Организацијата MacMillan Cancer Support исто така ги советува луѓето, меѓу другото, да го следат празнењето на цревата. Посебно внимание треба да се обрне на сите промени кои траат три или повеќе недели, вклучувајќи знаци на дијареја (пролив) или тврда столица, чести одења во тоалет, па дури и присуство на крв.