Ако забележите болка во стомакот, во кој било дел, која трае подолго од 2 недели, појдете на лекар за да исклучите некоја посериозна дијагноза. Причина за итна посета на лекар е и долготрајната надуеност, долготрајно повраќање, пролив и крв во столицата.

Болка во стомакот е секој вид болка која се чувствува во делот помеѓу градите и препоните. Со оглед на тоа дека стомакот зафаќа голем дел од телото, потребно е точно да се лоцира местото каде што боли за да може полесно да се открие причината. Пронајдете ја вашата болна точка на мапата и идентификувајте го нејзиното значење.

1. Жолчни камења, чир на желудникот, воспаление на панкреасот

2. Чир на желудникот, киселини во стомакот, лошо варење, воспаление на панкреасот, жолчни камења, епигастрична хернија (кила над папокот)

3. Чир на желудникот, чир на дванаесетпалечното црево, опструкција на жолчните патишта, воспаление на панкреасот
4. Камења во бубрезите, воспаление на мочните канали, запек, лумбална хернија – поместен диск во ‘рбетот

5. Воспаление на панкреасот, рана фаза на воспаление на слепото црево, чир на желудникот, воспаление на дебелото црево, воспаление на тенкото црево, кронова болест, умбиликална хернија (папочна кила)

6. Камења во бубрезите, дивертикуларната болест, запек, воспаление на дебелото црево

7. Воспаление на слепото црево, запек, карлична болка – гинеколошки проблеми (ендометриоза и др.), болка во препоните – ингвинална хернија (препонска кила)
8. Воспаление на мочните канали, воспаление на слепото црево, воспаление на дебелото црево, карлична болка – гинеколошки проблеми, дивертикуларна болест

9. Дивертикуларна болест, карлична болка – гинеколошки проблеми, болка во препоните – ингвинална хернија (препонска кила)