Во Македонија досега од Ковид-19 се заболени 219 лица, а спроведени се 1.800 тестирања, велат последните информации.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје (134), Дебар (43) , Куманово (17), Штип (осум), Прилеп (шест), Охрид (три), Велес (три), Кавадарци (два), Тетово (два) и Гостивар (еден).
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 154,9 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 21,7 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 15,2.
– На пошироката територија на Скопје заболени со корона вирус има пријавено во десет општини и тоа во Карпош – 27, во Гази Баба, Кисела Вода и Центар по 20, Ѓорче Петров -11, Аеродром – 8, Сопиште – 7, Бутел – 4, Чаир – 3 и Илинден – 2, информираат од Институтот за јавно здравје.
Нови официјални детали се очекуваат во текот на денешниот ден.