Како што пишавме пред неколку часа, додека се одвиваше целата драма и непосредно по завршување на истата на клиниката за Токсикологија, пациент имаше неколку испади, буткања со медицинскиот персонал и кажување на погрдни зборови. Во тој период имавме само информација дека се случила драма, но информациите до кои дојде здравство.мк во моментот се малку поинакви. Пациентот освен тоа што се буткал и расправал со персоналот, земал скршил две стакла, едното од шалтерот каде се примат документите на сите пациенти кои доаѓаат и второто стакло од вратата на влезот.

-Со целото случување и во целата опсада на медицинскиот персонал на смена, да немало кој да пријде од чуварската служба, да нема обезбедување, да секојдневно се изложени на вакви па, дури и пострашни трауми и психички малтретирања лекарите, сестрите на Токсикологија и при тоа министерот Филипче да шета и да се перчи со донации дека го средувал здравството е навистина греота – посочија неколку од пациентите кои ги затекнавме пред токсикологија.

Погледнете преку фотографии која слика ја начекавме кога по втор пат отидовме на клиниката за Токсикологија вечерва. Инаку колку за информација министерот Филипче, не се појави вечерва на клиниката за Токсикологија за да го посети персоналот и да дознае што се случило.