Според една студија претставена на американскиот колеџ за кардиологија, екстремните промени од ден на ден може да резултираат со срцев удар, пишува “Medical Daily”.
Претходните студии покажаа дека на здравјето на срцето може да влијаат надворешните температури, а се укажуваше на фактот дека студеното време носи поголем ризик од мозочни удари, убивајќи 20 пати повеќе луѓе отколку топлината.
Оваа нова студија е повеќе фокусирана на изненадните промени на температурите отколку на времето воопшто. “Глобалното затоплување носи екстремни временски настани кои може да резултираат со флуктуации на температурата од ден на ден“, вели Хедвиг Андерсон од Универзитетот во Мичиген, автор на оваа студија.
“Нашата студија покажува дека таквите флуктуации во надворешната температура може да доведат до зголемен број на срцеви удари и да влијае на здравјето на срцето во иднина.”
Резултат на временски промени се екстремните временски услови како што се интензивни топлотни бранови и силен студ. Научниците се повеќе се загрижени за тоа како несезонското и непредвидливото време води до повеќе смртни случаи.
Додека телото има ефикасен механизам за одговор на температурните промени, се чини дека се побрзите и поекстремни флуктуации имаат тенденција да предизвикуваат поголем стрес врз телото, што може да придонесе за здравствени проблеми.
За потребите на студијата, научниците проучувале податоци од преку 30 000 пациенти од 45 болници во Мичиген, кои таму се примени поради срцеви проблеми. Резултатите покажале дека ризикот од инфаркт се зголемува за 5% при секој скок на температурата од 5 степени.
“Температурните промени станаа вообичаени и често може да се предвидат. Потребни се понатамошни истражувања за подобро разбирање на механизмите кои влијаат на тоа како флуктуациите во температурата го зголемуваат ризикот од срцев удар, што ќе ни овозможи да развиеме успешен пристап за превенција”, вели Хидиндер Гурм, еден од авторите на студијата.
“Сепак, сеуште ни е приоритет е да се фокусираме на кардиоваскуларните фактори за ризик како што се пушењето, високиот крвен притисок и високиот холестерол”, додава Гурм.