Носителот на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единицa 5, оперскиот пејач Игор Дурловски објави видео во кое ги повикува граѓаните, оваa сезона, летните месеци да ги поминат во земјава.
Станува збор за промотивен спот кој е дел од кампањата „Летувајте во Македонија, на езеро или планина“.
„Да ги обновиме спомените и да создадеме нови за идните генерации. Ова е една грутка земја која вреди повеќе од цело богатство, затоа што е исполнета со вечност, со сонце, со верба, со традиција“, вели Дурловски во дел од промотивното видео.