Иако топлото време може да биде отежнувачка околност во вежбањето, тоа не е причина да го запуштите вашето тело и здравјето. Една вежба за стопала е прилагодена на сите, ја олеснува болката во мускулите на задниот дел, ги зајакнува коските на ногата и воспоставува рамнотежа и контрола на движењето.

Доволно е само да се кренете на прсти а потоа да ги спуштете стапалата на земја.

Работете боси, а кога стопалата ќе ојачаат, можете вежбата да ја изведувате на коса површина така што кревањето на петата од подот ќе биде уште потешко.

Освен ова, пробајте ги и овие 6 вежби за стапалата кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро:

  • Истегнување на стапалата

Седнете и ставете ја левата нога врз десната бутина. Фатете ги прстите од левото стапало со десната рака и истегнете ги во сите насоки. Повторете неколку пати и преминете на другата нога.

  • Притискање на стапалата

Бидете во стоечка положба и свиткајте ги колената. Обидете се да притискате со сите прсти на стапалата колку што можете повеќе на подот. Оваа вежба ќе ја врати циркулацијата во стапалата и ќе ја намали болката во грбот. Најдобро е да ја правите 3 пати дневно.

  • Кружни движења

Легнете на под, кренете ја едната нога нагоре и правете кружни движења со стапалото од кај зглобот, околу 15 секунди. Повторете ја истата вежба со другата нога. Оваа вежба го ослободува притисокот од зглобовите, колената и половината.

  • Истегнувањa нагоре

Легнете на под – нозете нека бидат споени пред вас. Врзете крпа на едното стапало и кревајте го, но внимавајте колената да бидат прави. Потоа префрлете го коленото над главата и останете така 30 секунди, па повторете со другото стапало.

  • Истегнување на тетивите

Застанете покрај ѕид и испружете ја десната нога напред за стапалото да го допре ѕидот. Потоа свиткајте го коленото и приближете се со колковите нанапред. Останете во оваа положба 30 секунди, па повторете ја вежбата со левата нога.

  • Масажа на стапалата

Ова не е класична вежба, но е многу важен чекор за намалување на болките во грбот. Ставете тениско топче под едното стапало и правете движења напред-назад. Повторете и со другото стапало, а ова вежба најдобро е да ја правите секој ден по неколку минути.