Вкусно приготвеното греено вино веднаш асоцира на пријатни и удобни моменти со добро друштво во есенските и зимските денови, особено за празниците во овие периоди. Традицијата за подготовка на грееното вино доаѓа од Северна Европа.

Грееното вино е добро за здравјето на организмот. Ги штити срцето и крвните садови. Го спречува воспалението и помага за проблемите со висок притисок. Може да го користите и за да ги ублажите симптомите на настинка и грип.

СОСТОЈКИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ГРЕЕНО ВИНО:

Четири лимони

Два портокали

Две шишиња црвено вино

1,2 литри вода

16 каранфилчиња

Две стапчиња цимет

150 гр. шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Турете вино и 1,2 литри вода во сад со поклопец. Додајте кора од портокал, каранфилче и стапчиња цимет.

Почекајте да зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете го на огин еден час. Засладете со шеќер според вкус. Послужете со портокали и лимони.