Бројни студии укажуваат на антибактериските и антивирусните својства на одредени етерични масла.
Тоа пред се се масла од еукалиптус, оригано, каранфилче, бадеми, цимет, ѓумбир, лимон, лимета, бергамот, мајчина душица и темјан.
Овие масла благодарение на дифузерите или спрејовите за освежување на воздухот, можат да помогнат да се исчисти воздухот во просторијата во која престојувате, да помогне во спречување на респираторни инфекции но и помага во олеснување на веќе постојните непријатни симптоми како што се затнат нос и акумулирани секрети во белите дробови.
Спреј за освежување на просторот можете да направите така што во шише за прскање ќе ставите 2 дл вода и ќе додадете до 25 капки есенцијално масло по ваш избор.