Рацете во зимските денови се најмногу изложени на мраз и ветер, па кожата повеќе од вообичаено се суши, пука, понекогаш и крвари. Еве како најдобро да ја заштитите.

Хидратантен сапун

Често миење на рацете со силни сапуни може дополнително да ја исуши кожата, па поради тоа решението за ладните денови е сапун со поблага формула, кој хидрира. Рацете секогаш мијте ги во млака вода, никако во топла или премногу ладна. Топлата вода ја уништува еластичноста на кожата, а ладната ја суши.

Лимон

Ова овошје делува како пилинг и ја омекнува кожата. Истријте ги рацете со кора од лимон или исцедете сок од лимон, па во него натопете ги рацете две до три минути. Тоа ќе ги зајакне и испуканите нокти, а кожата ќе биде понежна и почиста.

Ракавици

На снег и ветер, ракавиците се единствената вистинска заштита за кожата. Затоа, не излегувајте надвор без нив. Покрај тоа, и кога миете садови со силни детергенти и хемикалии, користете гумени нараквици. Рацете ќе ви бидат бескрајно благодарни.

Домашен балзам

Измешајте две жолчки од јајца, две лажици мед и две лажици маслиново масло, па потоа премачкајте ги рацете и држете ги 20 минути. Потоа исплакнете ги со вода и нанесете крем, најдобро со пантенол. Балзамот користете го два до три пати на ден, а ако го чувате во фрижидер, рокот на траење му е пет дена.