Без полагање и без ранг листа, вработени стоматолози и медицински сестри во кумановската болница. Двајца од двајца доктори и 9 од 12 потребни медицински сестри се од албанска етничка заедница, што е спротивно на балансерот. По гостиварската болница, вработени во кумановската здраствена установа испратија писмо дека спротивно на сите законски норми на голема врата се прима кадар од албанската етничка заедница.
„Во контекст на јавниот оглас во болницата во Гостивар, каде беа примени исклучиво Албанци и кој што беше актуелен изминатиов период во сите медиуми, би сакале да ве информираме за ист таков случај во Ј.З.У Здравствен дом Куманово. Имено на огласот од 06.12.2023 за доктори по стоматологија се примени 100 % Албанци, а на огласот за сестри од 12 дури 9 се од албанска националност“ се наведува во писмото од вработените.
Уште поскандалозно што обелоденуваат вработените, е дека примените стоматолози и сестри воошто и не се појавиле на полагањето, не била објавена ранг листата – кој кандидат колку бодови освоил, туку само виделе одлука.
„П.С. Примените кандидати се примени без претходно објавување на ранг листа. П.С. Примените кандидати се примени во спротивност на балансерот при што се ускратени правата на кандидатите Македонци (доктори по стоматологија). П.С. Кандидатите македонци на полагањето биле одделени од кандидатите Албанци во посебна просторија.
П.С. Кандидатите Албанци по кажување на членовите од комисијата воопшто се немаат појавено на полагањето“ дополнуваат во писмото вработените во Кумановската болница.
Стручноста или етничката припадност што лекува подобро? – беше главното прашање кое се постави и по потребата од вработување во гостиварската болница каде очајно има потреба од лекари и медицински сестри, но според огласот само Албанци. Трајно вработени се вкупно 25 медицински лица, од нив 24 се со албанска националност а само еден е е Македонец.
Министерството за здравство, пак не одговори дали и како во гостиварската болница се спроведува балансерот и Бадинтерот за законско вработување, кои предвидуваат 20 проценти да се Албанци, а 80 Македонци. Министерството за здравство, пак не одговори дали и како во гостиварската болница се спроведува балансерот и Бадинтерот за законско вработување, кои предвидуваат 20 проценти да се Албанци, а 80 Македонци.