Во институтот за јавно здравје сеуште траат испитувањата како починатото двегодишно  дете од прилепско Житоше заболело од менингококна бактерија која предизвикала сепса. Се анализира дали некој од блиските на детето бил носител на бактеријата.

-Анализите се сеуште во тек , се испитува дали некој од блиските на детето е бацилоносител, изјави д-р Владимир Микиќ, епидемиолог во ИЈЗ.

Резултатите од анализите на земените материјали се очекува да бидат готови до среда. Во меѓувреме од Институтот за јавно здравје велат дека според клиничката слика нема новозаболени од менингококната бактерија.

Од инфективната клиника каде во петокот почина двегодишното дете изјавија дека станува збор за многу ретко заразно заболување,а болеста кај детето се јавила неполни 24 часа пред да почине.  Според епидемиолозите 10 проценти од популацијата ја има оваа бактерија во носот и грлото. Последните 10 години таа предизвикала менингитис кај 37 лица, а 5 починале, додека во форма на сепса ова е прв случај последните две децении.

Интересно е што при вакви ситуации и после сите тие говори дека оваа влада е сконцентрирана само и само во контекст на народот и за народот, како и гледа да помогне максимално, ние граѓаните сеуште не го видовме да излезе во јавност со изјава министерот Филипче во врска со починатото две годишно детенце. Се гледа од постапките дека „приоритет“ на министерот се пациентите!