Мачките се многу сензибилни кога се работи за нашата здравствена состојба. Тие јасно гледаат кога не се чувствуваме добро или кога сме болни. Поради нивното позитивно влијание врз луѓето, мачките се сметаат за лековити.
Во продолжение прочитајте зошто мачките се добри за нашето здравје…
1. Мачките го намалуваат нивото на стрес
Научно докажано е дека мачките го намалуваат нивото на стрес кај своите сопственици. За време на галењето мачка, се зголемува лачењето на хормонот за среќа, додека истовремено се намалува производството на хормонот за стрес. Предењето на мачките го зголемува ефектот на опуштање кај луѓето.
Еден истражувачки тим собрало група на луѓе кои секојдневно биле изложени на стрес. Поголемиот дел од нив биле независни брокери.
И навистина докажале дека присуството на мачките позитивно влијаело врз испитаници. Ги набљудувале типичните симптоми на стрес, како што се покачен крвен притисок, зголемено срцебиење и потење. Испитаниците кои имале мачка реагирале многу поопуштено во стресни ситуации.
2. Мачките се добри за срцето
Кога сме под стрес, нашиот крвен притисок расте. Оние што хронично страдаат од висок крвен притисок имаат зголемен ризик од развој на кардиоваскуларни болести. Со оглед на тоа што мачките имаат позитивно влијание врз стресот, го намалуваат и ризикот од такви болести. Всушност, истражувањата покажале дека во домаќинствата со мачки има 30% помалку случаи на срцев удар.
3. Мачките ги лекуваат коските
Предењето на мачките има релаксирачко дејство, но тоа може да придонесе и многу повеќе. Истражувањата покажуваат дека звукот што го испуштаат мачките има лековито дејство на коските. Така, скршениците на коските кај мачките заздравуваат многу побрзо од оние кај другите цицачи. Истражувачите откриле дека за тоа одговорна е фреквенцијата на предењето од околу 25 херци.
Од таа причина, предењето е делотворно и кај луѓето. Со помош на уред за вибрации, истражувачите можеле да ја имитираат фреквенцијата и да докажат дека има лековито дејство за човечките коски.