Секоја година се повеќе луѓе бараат корекција на носот во Македонија. Некои од нив се незадоволни од изгледот кој го имаат од самото раѓање, останатите, пак, заради промените кои настанале со стареењето. Токму промената на обликот и големината на носот е еден од најчестите зафати во естетската хирургија во нашата земја.

Носот зазема централна позиција на лицето и многу истражувања покажуваат дека токму средната третина од лицето е првото нешто што се забележува од личниот опис, а дури потоа забите и устата.

Корекцијата на нос, односно ринопластика е интервенција која еднакво ја бараат и жените и мажите. Покрај естетските причини, со корекција на носот се отстрануваат и функционалните проблеми кај пациентите.

Дури и мала корекција може да направи голема разлика во целокупната хармонија на лицето.