Коронавирусот коси во Македонија, а министерот Филипче и владата се однесуваат неодговорно. Нема стратегија за кризата во која западна цела држава. Да ја имаше при бројките коишто секој ден излегуваат за новозаболени и смртни случаи, министерот за здравство и владата немаше да се борат како да му ја спасат кариерата на Зоран Заев, со брзи избори, туку разумно ќе ги преиспитаа одлуките коишто ги носат на штета на здравјето на граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Власта живее во лажна нормалност, во која уништувањето на животите на луѓето, беспарицата, здравјето на граѓаните и иднината се без значење кога станува збор за интересите на Заеви и фамилијата. Македонија во последните 19 дена има 456 новозаболени и 28 смртни случаи. По бројот на починати 122 лица, ние сме држава со рекордна смртност и заболени во регионот. Власта продолжува да ја уништува иднината и го доведува здравјето на луѓето во опасност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат:
„Катастрофата во која е Македонија се вика СДСМ. додека граѓаните се борат за живот и се трудат да обезбедат егзистенција за своите семејства, власта троши и се луксузира со купување шампански вина.
ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите кога и истите да се одржат, но не на штета на здравјето на луѓето. чуму се пратеничките места кога народот се бори за живот.
Животот во Македонија ќе се врати кога оваа неспособна влада ќе си замине. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија“.