Вистинскиот лек од канабис го нема во аптеките, тврдат од граѓанското здружение “Зелена Алтернатива”. Според нив законот со кој се дозволува употреба на канабисот за медицински цели уште повеќе го развил црниот пазар.
-Се надевам дека тоа ќе се смени бидејќи до овој момент законот го зголедми црниот пазар зошто од една страна државата вика да ова лечи, а од друга страна го нема вистинското нешто во аптеките, изјави Филип Достовски, од “Зелена Алтернатива”
Докторот Џонас Вандерсван со години го користи маслото од канабис во третманот на неговите пациенти кои имале силни болки.
-Освен што се намалува болката и се намалува и користењето на конвенционалните лекови, изјави д-р Џонас Вандерсван, од Канада.
Канадскиот доктор денеска беше дел од семинарот „Канабис – 1000 зошто, 1001 затоа – Разбивање на митот: рекреативен или медицински канабис?“ органиизран од здружението Зелена Алтернатива. Тој тврди дека канабисот не е опасен, но потребна е внимателност при носењето на законска регулатива.
-Но мора да бидеме внимателни да ги едуцираме луѓето и мора да ги спречиме опасностите да спречиме возење под дејство на алкохол, додаде д-р Вандерсван.
Канада процесот на легализација на марихуаната го започнала уште во 2001 година, а законот планираат да го донесат до крајот на оваа година.