Влошена е здравствената состојба на тројца од пациентите кои се заболени од коронавирус, но се уште не се приклучени на машини за дишење. Тие се над 65 годишна возраст и спаѓаат во ризичната група. Останатите шест заболени се со лесна клиничка слика, информира министерот за здравство Венко Филипче. Утринава на Инфективна клиника е донесен еден пациент со температура кој се вратил од Германија, се чекаат резултатите, исто како и на луѓето чија изолација завршува денеска.

Болниците ќе примаат само итни случаи, а сите хронични пациенти и тие што се закажани се откажуваат. Се забрануваат сите јавни и приватни собири без разлика на бројот. Кафитериите ќе работат со скратено време до 18 часот, со преполовен капацитет за да има распојание меѓу луѓето. Да се откажат сите кино и театарски претстави. Директорите на клиниките за Неврохирургија и КАРИЛ веќе прават прераспределба на кревети и апарати и ги подготвуваат капацитетите доколку за тоа има потреба. Верските заедници мора да се придржуваат кон мерките и нема логика да ги повикуваат верниците на собири и миси, нагласи министерот Филипче.

„Премиерот разговараше со верските заедници за строго придржување кон мерките. Утрово на Комисијата за заразни болести разгледавме нови дополнителни мерки. Имавме разговори и со колеги од Италија, кој укажаа дека во одредени делови дури по најригорозните мерки се намалува бројот на заболени, затоа воведуваат ригорозни мерки. Ова значи дека треба да бидеме порадикални и затоа во текот на денот побаравме уште една седница на Влада за овие нови мерки “, рече министеорт Филипче.

Терапијата на хроничните болни ќе биде продолжена и ќе ја препишува матичниот лекар, а ФЗОМ ќе направи измена во правилникот. Ова не важи за новите дијагностицирани пациенти. Ова се мерки кои биле разговарани и донесени Комисијата за заразни болести и тие денеска ќе бидат предложени на Седница на Влада која е побарана да се оддржи дополнително. Тој нагласи дека сите мерки важат до 24 март.

По информациите дека во Дебар има повеќе луѓе кои се заболени, поголем тим од епидемиолози ќе одат да направат епидемиолошка анализа.

Тој рече дека на Кожна клиника  вчера е назначена нова директорка, а во изолација се само членовите на семејството на заболената докторка не пошироки контаки и сите вранботени и тие што биле на сипмпозиумот, вкупно околу 200 луѓе.

„Мој  воздух “ги споделува сите активности, а Црвен крст многу помага со своите активности на волонтерите, рече Филипче.

Верските заедници мора да се придржуваат кон мерките и нема логика да ги повикуваат верниците на собири и миси.

„Вчера попладне СЗО прогласи пандемија и тоа беше очекувано кога има голем број заразени во многу земји.  Разговарав со регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге кој нагласи дека нема генерални препораки, но секоја земја има свои автентични мерки и ние се усоголсуваме со нив“ реле Филипче.

„Апелираме на јавната свест. Во Италија има форма на полициски час, не сакаме до таму да дојдеме затоа воведуваме вакви мерки“, рече Филипче.