Филипче по секоја цена има решено да го оствари својот „мега“ проект, иако граѓаните и здравствените работници се против тоа. Поради детската кардиохирургија се дигна огромна прашина. Имаше бурни реакции од револтирани родители кои исто така дури и му напишаа писмо во кое го повикуваат да престане со проект бидејќи е грев да се богати врз грбот на болните деца.
Сестрите образложија дури и обелоденија дека Чадиковски само со две сестри ќе оди во клиниката „Жан Митрев“, а другите ќе бидат оставени сами на себе дури не знаат што ќе се случи со нив во натамошниот период, бидејќи не се предвидени во планот.
На прашањето, која е причината за вакво дејствување, Филипче одговори дека главна причина е тоа што прво немаме инфраструктура, а за натамошен развој на оваа струка како што немаме инфраструктура која што може да ни понуди развој на други нови струки на специјалности и субспецијалности кои што се наоѓаат насекаде во околните земји, во развиените европски земји, заради тоа што немаме еден добар објект кој што може да даде еден интегриран тим на здравствена услуга. Според него “не можеме пациентите да ги шетаме натаму наваму и огромен предизвик е кога нешто треба да направиме мултидисциплинарно, кога треба луѓе од повеќе струки да донесеме на едно место заради тоа што тие имаат милион други свои обврски на своите работни места и многу е тешко да се формира еден таков мултидисциплинарен тим.”
-Точно е и друга работа, дека се уште користиме странска експертиза, а ние имаме локална експертиза кај нас, а тоа е кардиохирургот др. Митрев кој со години исто така има договор со фондот и лечи одреден број на деца, посочи Филипче.
Оваа објаснување на министерот не држи вода, бидејќи според реакциите дури дознавме дека ниту клиниката на „Жан Митрев“ нема услови за ваков проект. Бидејќи оваа клиника има персонал кој е обучен само да се грижи за постари лица, нема персонал кој е обучен за деца. Затоа што децата се посебна категорија, не се како постарите луѓе и бараат соодветна нега по кардиохируршки зафат.
Со овој проект министерот не само што ќе ги наполни своите но и џебови на одредени поединци со пари туку и младиот кадар на лекари и здравствени работници ќе ги отсели од нашата земја.