Ниските температури, дождот и снегот се причините поради кои многу луѓе го прескокнуваат тренингот и одлучуваат да останат дома.
Сепак, експертите ве потсетуваат дека е многу важно да останете во форма цела година и советуваат прескокнувањето на тренингот да не стане пракса.
Покрај тоа, експертите велат дека овие неколку совети ќе ви помогнат да се фокусирате на тренингот и во најстудените месеци.
Ако ви е тешко да одите во теретана по дожд или снег, зошто едноставно не направите еден лесен тренинг во удобноста на својот дом?
Постојат многу вежби кои можете да ги направите без никакви уреди користeјќи ја само тежината на своето тело. Се разбира, за оние кои повеќе сакаат поинтензивни тренинзи, експертите препорачуваат пред да пристигне зимата да купите неколку тегови или помали уреди.
Освен тоа, ве советуваат да пробате нешто ново. Сигурно постои нешто што долго време сте сакале да го пробате а никогаш сте немале доволно време.
Зимата е совршен период кога можете да започнете со нови активности, без разлика дали тоа е бокс, боречки вештини, јога или дури и качување по вештачки карпи. Нешто ново дефинитивно ќе ви даде дополнителна мотивација за вежбање.