ФОТО: Лукаревска позитивна, ќе оди ли Спасовски во изолација?

Откако на својот Фејсбук утрово директорката на УЈП Сања Лукаревска откри дека е позитивна на коронавирус, јавноста прашува дали и техничкиот премиер ќе оди во изолација? Инаку тие неодамна имаа…

Откако на својот Фејсбук утрово директорката на УЈП Сања Лукаревска откри дека е позитивна на коронавирус, јавноста прашува дали и техничкиот премиер ќе оди во изолација?

Инаку тие неодамна имаа партиски средби со граѓаните каде делеа флаери, но и заедничка конференција во затворена просторија.

Од денеска и вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска е во задолжителна самоизолација бидејќи минатата недела имала состанок со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој вчера обелодени дека е позитивен на коронавирус.

Таа заедно со други партиски функционери си тераше партиска, предизборна кампања додека секој граѓанин стравува за сопственото здравје.

Не држеше ниту дистанца, ниту носеше ракавици, па делејќи промотивен материјал таа допираше и повозрасни граѓани кои се во најголем ризик од заразувањето.

Инаку главен фактор за ширењето на опасниот коронавирус меѓу функционери, членови и симпатизери на СДСМ е нивната кампања и слепата идеја за брзи избори.


Related Articles