Губењето на косата ги погодува две третини од мажите помлади од 35 години. После 50-годишна возраст, речиси 85 проценти од мажите губат значителна количина на коса. Жените, исто така се соочуваат со овој проблем, но во помала мера.
Причините за губење на косата се нејасни. Иако истражувачите веруваат дека гените играат клучна улога, останува значителен број на непознати фактори од околината, кои исто така може да го зголемат ризикот од губење на коса.
Новото истражување го смета загадувањето за потенцијален двигател на опаѓање на косата. Тоа што особено е важно го открива потенцијален механизам кој може да објасни како загадувањето на воздухот го предизвикува опаѓањето на косата.
Хиук Чул Квон од Future Science Research Centre, од Република Кореја, е главен автор на студијата претставена од тимот на 28-от Конгрес на Европската академија за дерматологија и венерологија (EADV), што се одржа од 9 до 13 октомври во Мадрид.
Загадувањето го намалува нивото на важни протеини
Нов труд, насловен „Влијанието на честичките на кожните папили кај луѓето“, се осврна на ефектот на таканаречени честички на клетките во дното на фоликулите на косата. Овие клетки се нарекуваат дермални папиларни клетки на човечки фоликули (HFDPC).
„Честички – загадувачи“ е термин кој опишува мешавина од цврсти честички и ситни капки течности, изработени од разни хемикалии, кои луѓето можат да ги вдишат. Некои од овие честички претставуваат сериозен ризик по здравјето.
Во новото истражување, Квон и неговите колеги се изложени на HFDPC честички од прашина и дизел.
По 24 часа, тимот извршил анализи за да го испита нивото од неколку протеини по изложеноста на честичките. Анализата открила дека изложеноста на загадувачи на воздухот го спуштила нивото на бета-катенинот, протеин клучен за раст на косата.
Покрај тоа, честичките од прашина и дизел го намалуваат нивото на други протеини кои го одредуваат растот и задржувањето на косата. Тие протеини биле циклин Д1, циклин Е и ЦДК2 и колку повеќе биле загадени од истражувачите, толку повеќе нивото на овие протеини се намалувало.
– Иако врската помеѓу загадувањето на воздухот и сериозните болести како што се карциномот, хроничното опструктивно белодробно заболување и кардиоваскуларните заболувања е добро утврдена, направени се малку истражувања за ефектот на честичките врз човечката кожа и косата. Нашето истражување го објаснува начинот на дејствување на загадувачите во воздухот врз HFDPC, покажувајќи како најчестите загадувачи на воздухот доведуваат до опаѓање на косата – вели Квон.