Киселината е најчестиот рефлексен симптом на желудникот, односно враќањето на киселината од желудникот во хранопроводникот може да се острани со паметен избор на намирници. Погледнете што би требало да јадете.
Салати
Пред оброкот секогаш јадете свежа салата. Доматот и белиот лук во овој случај не се пожелни исто така и сирењето.
Банани
Бананите се одличен меѓуоброк, имаат pH 5,6 и во нив може да уживаат и оние кои ги мачи киселина во желудникот.
Пилешко
Готвено и печено, ама не пржено во зејтин. И задолжително тргнете ја кожата која е премногу масна.
Зеленчук
Карфиол, тиквици, грашак и друг зелен зеленчук одлично ја остранува киселината.
Магдонос
Магдоност со години се користи за подобрување на варењето на храната и тоа со добра причина е така.
Ориз
Оризот особено кафеавиот, одлично ја острануваат киселината. Сложените јаглехидрати се добар избор.
Овес
Ова е еден од најдобрите доручоци или оброка во било која доба на денот. Заситува, а не предизвикува киселина.
Ѓумбур
Ако го земате во умерена количина, ѓумбурот е еден од најдобрите намирници за спречување на киселината.
Алое вера
Алое верата е позната како природно средство кој успешно ја враќа киселината од желудникот.