Храната што ја консумирате влијае на вашето тело. Кога температурата паѓа и настапува студеното време, на вашето тело давајте му храна што во зимскиот период ќе дејствува како гориво и ќе го затоплува.
Во принцип, храната што се обработува подолго во организмот е онаа што треба да ја јадете во зимскиот период. Всушност, станува збор за термогенеза, процес во кој вашето тело произведува топлина предизвикана од обработувањето на храната.
Бататот е еден од зеленчуците за кои е потребна повеќе енергија за да се обработи, што, пак, значи дека ја зголемува телесната температура.
Богат е со витамин А, витамин Ц и калиум, па поради изобилството со растителни влакна го разубавува и вашиот оброк.
И тиквата е одлична за консумирање на студено време. Таа изобилува со антиоксиданти, витамини, минерали и многу други нутриенти од кои вашето тело ќе има голема корист.
Покрај храната, највообичаен начин да му помогнете на своето тело да остане топло е да пиете вода. Водата му помага на вашиот организам да работи беспрекорно и да ја регулира надворешната температура.
Дехидрацијата предизвикува опаѓање на телесната температура и може да предизвика хипотермија. Во зимскиот период луѓето пијат помалку вода бидејќи не се чувствуваат жедно.
Сепак, иако е ладно, секогаш носете едно шише вода за да ве потсети дека треба да се напиете.