Австралискиот виролог, Тимоти Њусам, професор на Универзитет во Сиднеј, потврди дека „секоја површина е потенцијална опасност“ кога станува збор за коронавирусот и советува посебно да обрнеме внимание на овошјето и зеленчукот во супермаркетите.

Овој експерт кој е специјализиран за инфекции, вакцини и вирусологија, истакнал дека Ковид-19 може да преживее на повеќе површини, но дека е потребно поголемо внимание кога станува збор за овошјето и зеленчукот, бидејќи потрошувачите се склони додека бираат постојано да ги земаат и враќаат плодовите во гајбите.

„Мораме да имаме предвид дека секоја површина е потенцијално контаминирана и дека секаде постои ризик. Се разбира, не се смета сè за висок ризик, како што е контактот со заразени или потенцијално заразени лица, но сепак е важно да се внимава“, истакнува Њусам.

Тој советува овошјето и зеленчукот задолжително да се измијат и со сапун и со вода откако ќе се донесат дома, и да не се потпираме на фактот дека високата температура за време на готвењето ќе го „убие“ вирусот.

„Измијте ги со сапун и топла вода, исто како што ги миете рацете“, рекол тој за „Femail“.