Не сите јаглехидрати се исти. Многу видови храна од цело зрно содржи висок процент на јаглехидрати, а сепак се здрави и со високи хранливи вредности.

Од друга страна, рефинираните или прости јаглехидрати имаат негативен ефект врз здравјето. Во секој случај, не сите јаглегидрати се лоши по здравјето, но нажалост мноштвото храна која денес ја консумираме ги содржи токму оние нездрави јаглехидрати кои имаат лошо влијание врз нашето здравје од многу аспекти.

Јадењето на рафинирани јаглехидрати се поврзува со драстично зголемување на ризикот за појава на многу болести меѓу кои срцеви заболувања, дијабетес тип 2, како и здебелување како најчеста појава.

Речиси секој нутриционистички експерт се согласува со тоа дека внесот на јаглехидрати треба да биде лимитиран. Во прилог ќе прочитате што всушност се рафинирани јаглехидрати и зошто се лоши за вашето здравје.

  • Кои јаглехидрати се рафинирани?

Овие јаглехидрати се уште познати како прости или процесирани јаглехидрати. При процесот на рафинирање на компелексните јаглехидрати, од нив се отстрануваат хранливите влакна и други хранливи вредности. На тој начин, тие ги губат сите здрави својства кои ги имале претходно како комплексни јаглехидрати и стануваат прости. Се делат на два типа:

  • Шеќери: Рафинирани или процесирани шеќери, како белиот шеќер кој го користиме во нашите домаќинства и фруктозен сируп.
  • Рафинирани зрна: Од овие зрна се отстранети хранлиите влакна и нутритивните вредности. Најголем извор кај овие е белото брашно.

Од рафинираните јаглехидрати се отстранети всушност сите хранливи влакна, витамини и минерали. Од таа причина, тие се сметаа за „празни“ калории. Кај нив има брза дигестија и многу висок гликемиски индекс, што всушност укажува на тоа дека тие водат до брзи и големи осцилации кај шеќерот во крвта и нивото на инсулин веднаш по консумирањето на ваквата храна. Исхранувањето со храна која има висок гликемиски индекс води до здебелување и ризик за појава на некои болести.

Се советува да се избегнува храната од бело брашно, бел леб, бел ориз, пецива, газирани напитоци, слатки и се што содржи додадени шеќери.

Нутриционистичките експерти советуваат да се јаде храна која не ги содржи овие процесирани шеќери, храна која ќе се базира на поголемо количество на протеини и која ќе содржи хранливи влакна.

Храната која често се наоѓа на нашата трпеза и не содржи рафинирани јаглехидрати е месото, млечните производи без додадени бои и додатоци за вкус, зеленчукот е исто така препорачлив и тоа во поголеми количини и јаткастатите плодови без сол и без додадени вкусови за да избегнете консумација на додадени шеќери.