Владата и УНФПА заеднички ќе имплементираат мерки за намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата, соопшти владината прес-служба.

„Владата на Република Македонија како материјал за информирање ја разгледа и ја усвои информацијата за потпишување договор за заеднички придонес помеѓу Владата на Република Македонија и УНФПА за имплементирање на дел од мерките за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата“, образложи Владата.

Како и се останато така и ова само начелно ќе се спомене и нема ништо подетално да се образложи, исто како и со вакцините, исто како и со специјализантите, исто како и со казните, г-не министре кога народот ќе добие отчет или објаснение за некоја од вашите одлуки или постапки, – прашуваат група млади родители кои се обратија во нашата редакција

Дали нивното прашање заслужува одговор, ќе дознаеме, доколку до нашата редакција пристигне било каков одговор од министерството или од министерот, истиот ние веднаш ќе го објавиме.