Ксантелазмите (Xanthelasma palpebrarum) се жолти наслаги на кожата, на долните или горните капаци и се смета дека тие се предупредувачки знак дека постои ризик од срцев удар!
Станува збор за обични, жолтеникави талози од холестерол под кожата, најчесто на капаците или под нив. Ксантелазмите не се болни, ниту штетни и лесно се отстрануваат по потреба.
Меѓутоа, некои истражувања покажале дека сивкастите или белузлавите кругови околу рожницата не се поврзани со ризик од срцеви заболувања и срцев удар.
Холестеролските пеги кои можат да се забележат околу очите, всушност се масни наслаги кои се формираат под површината на кожата, обично на внатрешната страна од горниот очен капак. Вториот назив за овие холестеролски наслаги е ксантелазма.
Еден од главните причини за појава на ксантелазма е зголемено ниво на ЛДЛ, таканаречениот лош холестерол во телото, но виновници може да бидат и генетиката, дијабетесот, некои болести на црниот дроб и слично.
Лицата кои имаат високо ниво на холестерол, цироза на црн дроб или шеќерна болест, имаат поголеми шанси да добијат ксантелазма. Еден од факторите на ризик е дебелината кај лица од 40 до 60 годишна возраст.
Ксантелазмата не предизвикува ниту болка, ниту јадеж, но може да влијае врз видот, доколку израстокот порасне голем.
Некои постари истражувања утврдиле дека дегенерацијата на рожницата и ксантелазмата се поврзани и дека претставуваат наслаги од холестерол. Половина од испитаниците со белузлави кругови околу рожноцата и ксантелазма имале висок холестерол. Меѓутоа, другата половина од испитаниците со овие проблеми, немале покачен холестерол.
Затоа научниците одлучиле да испитаат дали ксантелазмата е предиктор на срцеви заболувања, инфаркти, задебелување на артерии и слични кардиоваскуларни заболувања.
Истражувањето опфатило 12.745 испитаници на возраст од 20-93 и никој од нив на почетокот немал срцево заболување а имал ксантелазма. Редовните прегледи се одвивале во периодот од 1976 до 2009 година.
За ова време, 3.699 испитаници добиле некое срцево заболување, 1.872 имале срцев удар, 1.498 мозочен удар, 8.507 починале.
Научниците на овој начин утврдиле дека лицата кои имаат ксантелазма имаат и зголемен ризик да добијат некое срцево заболување или да умрат од срцев удар во текот на следните десет години од појавата на ова заболување.Ризикот се зголемува и кога ќе зе земат во предвид другите фактори како што се: дебелина, хипертензија, ниво на холестерол, пол, пушење и историја на срцеви заболувања.
Се смета дека најголема корелација помеѓу ксантелазмата и срцевите заболувања постои кај мажи на возраст помеѓу 47 и 70 години. Меѓутоа, 41% од мажите на оваа возраст кои немаат ксантелазма, сепак имаат зголемен ризик од сите споменати болести, во споредба со 53% мажи кои имаат ксантелазма.
Кај жените од сите возрасти, оваа разлика била 355 во ризична група со ксантелазма во однос на 27% без ксантелазма.
Меѓутоа, докажано било дека и останатите проблеми со рожницата не се предиктор за срцеви заболувања.
Затоа овие научници предлагаат ксантелазмата да се зема во предвид кога се дијагностицира срцев удар и други срцеви заболувања.
Значи, ксантелазмата може да биде од голема корист за лекарите од опта пракса за да ги идентификуваат лицата со зголемен ризик од срцеви болести, вклучително и срцев удар.
Покрај тоа, ова може да биде сигнал за коронарна болест на артериите, која би можела да се јави во иднината. Истражувањето од 2013 година, јасно покажува дека повеќето од лицата со ксантелазма, пред нејзина појава имале покачен крвен притисок, дијабетес, дислипидемија, пушат и се дебели, што дополнително се зголемува ризикот од коронарни болести.
Бидејќи ксантелазмата обично се јавува на очните капаци, операцијата најчесто не се препорачува. Освен тоа, после операцијата останува лузна, што естетски гледано е полоша од самиот израсток претходно. Постои ласерски третман како опција, но и тука исто така постои опасност од оставање на лузна..
ЛЕКУВАЊЕ НА ПРИРОДЕН НАЧИН
Кај ксантеламите е најважно да се открие причината за овој проблем и што поскоро да се започне со лекување. На пример, ако причина е зголемено ниво на холестерол во крвта, би требало да поработите на тоа за да го намалите.
Во меѓувреме, овие природни решенија би можеле да ги намалат, па дури и да ги елиминираат израстоците.
1. ЛУК
-исечкајте или изрендајте лук, па нанесете како облога со газа и добо фиксирајте да не ви влегува во окото. После 10-15 минути исплакнете. Повторувајте барем еднаш дневно. Исто така, можете да го триете израстокот со пресечено лукче.
-издробете таблета од лук, или лук во прав со малку вода измешајте за да добиете паста. Намачкајте ја ксантелазмата и оставете еден час да делува.
-на гладно јадете 2-3 чешниња лук, секојдневно.
-ако имате чувствителна кожа, не го нанесувајте лукот.
2.МАСЛО ОД РИЦИНУС
-натопете памук во ова масло и некој нека ве намачка додека вие ги држите очните капаци затворени. Масирајте ги израстоците неколку минути и оставете да делува преку ноќ, па наутро измијте се со млака вода. Се повторува секојдневно.
3.ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА
-натопете памук со јаболкова киселина и нанесете внимателно како облога, внимавајќи да не ви навлезе во окото. Или само премачкајте се, па оставете да делува два часа. Повторувајте неколку пати дневно.
-Двапати дневно пијте по една лажичка јаболкова киселина растворена во чаша млака вода со малку мед.
-ако имате чувствителна кожа, пред нанесување јаболковата киселина разблажете ја со вода.
4.СЕМЕ ОД ПИСКАВИЦА
-две лажички семе од пискавица оставете во чаша вода преку ноќ. Наутро испијте ја оваа вода на празен стомак. Со оваа вода може да се масираат и израстоците.
5.КРОМИД
-исцедете сок од една главица кромид, додадете сол и оставете да отстои неколку часови. Пред спиење, намачкајте се и оставете да делува преку ноќ. Следното утро исплакнете со топла вода. Повторувајте секојдневно.
-две лажички сок од кромид во чаша вода, пијте секој ден.
6.КОРА ОД БАНАНА
мало делче од кората на банана со фластер залепете го врз очниот капак и така преспијте. Наутро исплакнете се со млака вода. Се повторува секој ден.
7.КОРИЈАНДЕР
.сварете една супена лажица семе од коријандер во чаша вода. Поклопете и оставете 10-15 минути по што се процедува и се пие течноста. Се пие 2-3 пати дневно за да се намали холестеролот во крвта.
8.СОК ОД ПОРТОКАЛ
-Пијте 2-3 чаши свеж сок од портокал секој ден, за да го намалите холестеролот (или јадете 2-3 плода секој ден).
9.БАДЕМИ
-Во прав од бадеми додадете малку млеко и направете паста која се нанесува врз израстокот и се остава да се исуши.
-Секој ден јадете 4-5 бадеми кои сте ги натопиле во вода од претходната ноќ.
10.НАМАЛЕТЕ ВНЕС НА МАСТИ И ХОЛЕСТЕРОЛ
-намалете ја количината на масна и пржена храна
-намалете внес на заситени масти
-користете здрави масти во исхраната, на пр. 1 лажиче кокосово масло
-одбегнувајте претеран внес на јаглени хидрати и шеќери
-одбегнувајте црвено месо, млечни производи со висок мм%, жолчки од јајца и процесуирана храна.
-јадете повеќе свежо овошје и зеленчук, растителни влакна и растителни белковини
Дополнителни совети:
-одржувајте здрава телесна тежина
-оставете ги цигарите и претеран внес на алкохол
-вежбајте барем половина час дневно, 5 дена седмично
-редовно проверувајте го нивото на холестерол во крвта.