Истражувањата говорат дека над 50 отсто од двојките кои се во врска од 2 до 5 години, си велат „Те сакам“ барем еднаш дневно. Сепак, по десеттата заедничка година, тој број се намалува на 33 отсто и помалку…

– Тие два збора – „Те сакам“ се како кислород и храна за врската. Ја одржуваат во живот. Со многу малку напор, добивате многу, вели психологот Лиса Аранго.

– Изразувањето љубов во кој било облик, е корисно за вашето здравје. Секогаш кога даваме и примаме љубов, нашите тела го лачат хормонот окситоцин којшто нѐ прави посреќни и ни помага во справувањето со стресот, смета психологот.

Подарувањето, давањето комплименти и предизвикувањето насмевки кај партнерот/-ката ќе Ве усреќи подеднакво како тоа Вам да Ви се случува.

Затоа, ако некого сакате, кажете им дека ги сакате. Така и Вие, а и тој/таа ќе бидете посреќни.