Амбулантите во државава и понатаму се полнат со заболени од овчи сипаници, ентероколитиси и пертусис. Трите најчести пријавувани акутни заразни заболувања во февруари биле овчите сипаници – 661, по што следуваат ентероколитиси – 207, па пертусис или големата кашлица – 120 случаи, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.
– Во однос на претходниот месец – јануари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 26,8 отсто, додека во однос на месец февруари 2023 година, се регистрира намалување за 5,6 проценти. Во однос на претходниот месец јануари, се регистрира зголемување на бројот на заболени лица од ентероколити за 27 проценти, додека во однос на месец февруари 2023 година, се регистрира зголемување за 88,2 отсто, пишува во извештајот.