Откако спровеле истражување, научниците забележале дека висината и тежината на жените имаат врска со долговечноста. На дамите што се високи 170 см и повеќе судено им е да доживеат длабока старост. Секако, под услов тежината да им е нормална. А што велат за тоа броевите и кои се тајните на долговечноста кај другите – раскажува нумерологот Сергеј Николаевич Кузњецов (Москва).

ОД 180 СМ ПА НАГОРЕ

Постојано се во центарот на вниманието. Тоа им дава доволно енергија, што на крајот резултира со долг и активен живот.

170–180 СМ

Таквите жени често се опкружени со истомисленици. Токму тоа е важно за нив за зачувување на животната енергија – без стресови и растурање на енергијата…

160–170 СМ

Постојано работат со информации, па мозочната бура (анг. brainstorming, бура од идеи) е нивна нормална состојба. Јасното планирање на животот ќе им ја намали потрошувачката на енергија, а режимот и самодисциплината ќе им ги зголемат резервите енергија и ќе им ги зачуваат за долг период.

150–160 СМ

Независни, по малку осамени личности. За зачувување на животната енергија е потребно да рационално да ја трошат енергијата – да посветуваат внимание само на она што е важно. Извори на „полнење“ за ниските жени се наоѓаат во сѐ што ги опкружува. Најважно е да го најдат она што им годи и им дава сила.