Јанушев до Зеќири: По 12 април некој ќе одговара за криминалот со инсулинот

Неодамна беше извршено уништување на над 1 тон и 200 килограми инсулин чија што пазарна вредност може да достигне и до 1.5 милиони евра, а според опозицијата е со валиден…

Неодамна беше извршено уништување на над 1 тон и 200 килограми инсулин чија што пазарна вредност може да достигне и до 1.5 милиони евра, а според опозицијата е со валиден рок на употреба до месец јуни наредната година. За овој најнов скандал говореше и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија и потенцираше дека по 12 април некој ќе одговара за оваа афера, бидејќи оштетен е буџетот, а со тоа и граѓаните на Република Македонија.

-Единствено што може да зборуваат е да ја вратат реториката од 2016-та. Свесни сте. Извадете им ги говорите од тој период исти им се со овие сега. Нема проекти. Клиничка болница кој? Овој со инсулинот? Инсулинот го уништија за да перат пари и да украдат колку што можат повеќе. Кој проект, значи имаат два автопати за кои што им требаше две години? Некој ќе одговара за инсулинот после 12-ти април, вели Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека мора да се дознае кој утврдил дека инсулинот кој бил уништен е сомнителен. Во две недели вели тој никој не излезе да и каже на јавноста што е причината.

-Тврдат дека имало сомнителен инсулин. Прво кој го утврдил дека е сомнителен, никој во овие две недели не излезе да каже овој е надлежен за тоа, го утврдил. Прво нека проверат добро, бидејќи јас имам провенео дека инсулинот се произведува со рок на траење две години. Ако не бил 6 месеци со истечен рок тоа значи дека во нивно време е набавен. Трето ако навистина некој од ВМРО-ДПМНЕ го набавил тој инсулин, зошто досега не покрена постапка против него? Постапка не покренува судија, покренува МВР. Зошто не водат истрага. Зошто не ја искористите Русковска и така си ја имате на лагер да спроведе истрага. Ама тие теми не ви одговараат Зекири, затоа, додаде тој.


Related Articles