Минимална измена во исхраната, намалување на 5 килограми за седум дена – ова е реченицата која ви треба да ја прочитате. Оваа јапонска диета со банана стана хит во светот и им помогна на голем број дами да им кажат збогум на вишокот килограми.
Креирана е од Сумико и Хитошија Ватанабеа, кои се со фармацевтско и медицинско образование. До оваа диета стигнале сосема случајно, а откако ја објавиле станала популарна насекаде низ светот.
Основното правило на диетата е за појадок да јадете банана со чаша вода на собна температура. Препорачливо е до четири банани, како и до две чаши млака вода наутро, додека останатите оброци во текот на денот треба да бидат здрави, лесни и регулирани. Не постојат посебни правила што и како треба да се јаде, само е важно да не претерувате со избор на нездрава или брза храна.
Диетата со банана и вода, бара од вас единствен пијалак кој ќе го консумирате да биде млаката вода и препорачливо е тоа да го практикувате до 12 дена. Последниот оброк треба да ви биде 4 часа пред спиење, неопходно е да спиете барем 8 часа, а да си легнувате најдоцна на полноќ.
За време на диетата не се препорачува алкохол, кафе и цигари, а десертите се строго забранети. Секако, консултирајте се со стручно лице пред да почнете со применување.