Јапонија важи за земја во која напредокот во технологијата зазема голем дел од животите на луѓето. Имено во светот постои листа на најбрзи суперкомјутери. Суперкомпјутер е всушност компјутер кој работи илјада пати побрзо од обичните компјутери.

Така, оваа година, јапонскиот суперкомпјутер е прогласен за најбрзиот суперкомпјутер на светот. Она што изненадува е дека капацитетот на овој суперкомпјутер ќе се искористи во пронаоѓањето на потенцијален лек за коронавирусот. Тој има капацитет да изврши над 415 квадрилиони пресметки во една секунда и е нешто на кое јапонската технолошка компанија „Фуџитсу“ работела во последниве шест години. Со ова суперкомпјутерот може да тестира илјадници супстанции неделно.

Експертите се надеваат дека токму една ваква напредна технологија ќе може да помогне во пронаоѓањето на лек за Ковид-19 со тоа што тој има способност да користи податоци за околу 2000 постоечки лекови. Суперкомпјутерот вреди 1,2 милијарди долари и со него веќе се направени симулации за начинот на кој капките што се исфрлаат при зборувањето се шират низ канцелариите и во јавниот превоз. Во текот на следната година се очекува тој да работи со полна пареа.